5. Затоа те оставив во Крит, за да го довршиш несвршеното и во сите градови да поставиш презвитери, како што ти бев порачал:
6. ако е некој непорочен, маж на една жена и има деца верни, што не се укорувани за блудство или непокорност.
7. Бидејќи епископот, како Божји распоредник, не треба да е порочен, ни гневлив, ни пијаница, ни тепач, ни лаком за гнасна печалба,
8. туку гостољубив, доброљубив, трезвен, справедлив, свет, воздржлив;
9. кој се придржува до вистинското слово, онака како што е научен, та да биде силен и да поучува во здравото учење, и да ги побива оние кои се противат.
10. Зашто има и мнозина непокорни, празнословци и измамници, а особено меѓу обрезаните,