4. за да се исполни заповедта на Законот во нас, кои живееме не по телото, туку по Духот.
5. Зашто оние кои живеат по тело, копнеат за телесното, а кои живеат по Дух – за духовното.
6. Копнежот на телото е смрт, а копнежот на духот – живот и мир.
7. Зашто копнежот на телото е непријателство против Бога, тој не му се подредува на законот Божји затоа што не може.
8. А оние, кои живеат по телото, не можат да Му се допаднат на Бога.
9. Вие живеете не по тело, туку по Дух, само тогаш ако Духот Божји живее во вас. Ако, пак, некој нема Дух Христов, тој не е Негов.