1. Која е предноста на Јудејците, или која е ползата од обрезанието?
2. Голема, на секој начин, и пред сѐ што ним им се доверени Божјите објавувања.
3. Па што, ако некои не поверувале? Дали нивната безверност ќе ја уништи Божјата верност?
4. Никако! Нека се признае дека Бог е вистинит, а секој човек лажлив, како што е напишано: „За да се покаже дека си праведен во зборовите Свои, и да победиш кога ќе ти се суди.“