12. Едното зло помина, еве идат уште две зла по него.
13. И шестиот ангел затруби, и чув еден глас од четирите рога на златниот жртвеник, што е пред Бога,
14. кој му зборуваше на шестиот ангел, кај кого беше трубата: „Ослободи ги четирите ангели, врзани кај големата река Еуфрат!“
15. И беа одврзани четирите ангели, кои беа приготвени за часот и денот, за месецот и годината, за да убијат една третина од луѓето.
16. Бројот на коњаниците беше двесте милиони – го чув нивниот број.