Откровение 13:12-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. Ја извршува сета власт на првиот ѕвер во негово присуство и ја присилува целата земја и жителите нејзини да му се поклонат на првиот ѕвер, чија смртна рана се беше исцелила;

13. и правеше големи чуда, па дури и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето.

14. И ги мамеше земните жители со чудата што му беа дадени да ги врши пред ѕверот, велејќи им на земните жи­тели да му направат биста на ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив.

Откровение 13