7. Ете, иде со облаци, и ќе го види секое око, и оние што Го прободоа; и ќе се расплачат пред Него сите племиња на земјата. Да. Амин!
8. Јас сум Алфа и Омега, почеток и крај – вели Господ, Кој е, Кој беше, и Кој иде, Седржителот.
9. Јас, Јован, вашиот брат и соучесник во скрбта и во царството и во трпението на Исус, бев на островот, наречен Патмос, заради словото Божјо и заради сведоштвото на Исус.