Матеј 9:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Тогаш Тој откако влезе во коработ, премина и пристигна во Својот град.

2. И ете, донесоа кај Него еден фатен, положен на постела. Па кога ја виде Исус нивната вера, на фатениот му ре­че: „Не плаши се, чедо! Ти се простуваат гревовите твои!“

3. Тогаш некои од книжниците си рекоа во себе: „Овој богохулствува!“

4. А Исус штом ги разбра нивните мисли, им рече: „Зошто мислите лошо во срцата ваши?

5. Што е полесно да се каже: ‚Ти се простуваат гревовите!‘ или да се каже: ‚Стани и оди!?‘

Матеј 9