Матеј 6:7-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. Кога се молите, не говорете многу како незнабошците, зашто тие мислат дека за своите многубројни зборови ќе бидат услишени;

8. вие, пак, не бидете како нив, зашто вашиот Отец знае од што имате потреба уште пред да Го помолите.“

9. „Туку вие молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое;

10. да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата;

11. лебот наш насушен дај ни го денес;

Матеј 6