Матеј 4:16-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

16. Народот, што седеше во темнина, виде голема светлина и на оние, што седеа во пределот и во смртна сенка, им изгреа светлина.“

17. Оттогаш Исус почна да проповеда и да говори: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно!“

18. И одејќи покрај Галилејското Море, ги виде двајцата браќа, Симон, наречен Петар, и брат му Андреј, како фрлаат мрежа во морето, бидејќи беа рибари.

19. И им рече: „Појдете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.“

20. И ете, тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.

Матеј 4