Матеј 4:13-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. И кога го остави Назарет, дојде и се насели во Капернаум приморски, во пределите Завулонови и Нефталимови,

14. за да се исполни реченото преку пророкот Исаија, кој вели:

15. „Земјата Завулонова и земјата Нефталимова, на пат кон морето, отаде Јордан, е незнабожечка Галилеја.

16. Народот, што седеше во темнина, виде голема светлина и на оние, што седеа во пределот и во смртна сенка, им изгреа светлина.“

17. Оттогаш Исус почна да проповеда и да говори: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно!“

Матеј 4