Матеј 3:13-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. Тогаш дојде Исус од Галилеја на Јордан кај Јован за да се крсти од него.

14. А Јован Го одвраќаше, велејќи: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти кај мене ли доаѓаш!?“

15. Но Исус му одговори и рече: „Остави го сега тоа, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда.“ Тогаш го остави.

16. И штом се крсти, Исус веднаш излезе од водата. Одеднаш Му се отворија небесата и Го виде Духот Божји како слегува како гулаб и доаѓа на Него.

Матеј 3