Матеј 3:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Во тие дни дојде Јован Крстител, кој проповедаше во Јудејската пустина

2. и говореше: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно.“

3. Зашто ова е Оној за Кого говореше пророкот Исаија, кој вели: „Гласот на оној, што вика во пустината: ‚Подгответе го патот на Господа и исправете ги патеките Негови!‘“

4. А Јован имаше облека од камилски влакна и кожен појас околу слабините, а храната му се состоеше од скакулци и див мед.

5. Тогаш од Ерусалим и цела Јудеја и од целиот Јордански крај доаѓаа кај него

Матеј 3