Матеј 27:25-29 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

25. И одговарајќи целиот народ, рече: „Крвта Негова нека падне на нас и на нашите деца!“

26. Тогаш им го пушти Варава, а Исуса, откако Го камшикуваа, Го предаде да биде распнат.

27. Потоа војниците на управникот Го зедоа Исуса во судницата и ја собраа целата чета околу Него,

28. па, откако Го соблекоа, Му облекоа багреница;

29. исплетоа трнов венец, Му Го кладоа на главата и Му дадоа во десната рака трска; и поклонувајќи се на колена пред Него, Му се потсмеваа и велеа: „Те поздравуваме, Царе Јудеј­ски!“

Матеј 27