Матеј 25:22-29 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

22. Му пристапи и оној што беше примил два таланта и рече: ‚Господаре, ти ми предаде два таланта, еве, со нив спечалив уште два таланта.‘

23. Господарот му рече: ‚Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; сподели ја радоста со својот господар!‘

24. Му пристапи и оној што беше зел еден талант и рече: ‚Господаре, те знаев дека си жесток човек: жнееш каде што не си сеел, и собираш каде што не си веел,

25. па се уплашив и отидов, и го сокрив твојот талант в земја; ете ти го твоето.‘

26. А господарот му одговори и рече: ‚Зол и мрзлив слуго! Ако си знаел дека жнеам, каде што не сум сеел, и собирам каде што не сум веел,

27. требаше моите пари да им ги дадеш на трговците, па кога ќе дојдам да си го приберам своето со добивка;

28. земете го од него талантот и дајте му го на оној што има десет таланти;

29. зашто секому, што има, ќе му се даде и преумножи, а од оној, што нема, ќе му се одземе и она што го има;

Матеј 25