Матеј 20:25-29 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

25. Но Исус ги повика и им рече: „Знаете дека кнезовите народни господарат над народите, и големците владеат над нив;

26. меѓу вас, пак, нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга;

27. и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде слуга;

28. како што и Синот Човечки не дојде да Му служат, туку дојде да послужи и да го даде животот Свој за откуп на мнозина.“

29. И кога тие излегуваа од Ерихон, по Него врвеше многу народ.

Матеј 20