Матеј 2:3-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. Штом го чу тоа, царот Ирод се вознемири и цел Ерусалим со него.

4. И кога ги собра сите првосвештеници и книжници народни, ги праша: „Каде ќе се роди Христос?“

5. А тие му одговорија: „Во Витлеем Јудејски; зашто така е напишано преку пророкот:

6. ‚И ти, Витлееме, земјо Јудина, по ништо не си помал меѓу владетелствата Јудини; зашто од тебе ќе излезе Водач Кој ќе го пасе Мојот народ – Израил.‘“

Матеј 2