Матеј 2:18-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

18. „Глас се слушна во Рама, плач и ридање, и пискот голем: Рахила ги оплакува своите чеда и не сака да се утеши, зашто ги нема.“

19. А по смртта на Ирод, ангел Господов му се јави на сон на Јосиф во Египет

20. и му рече: „Стани, земи го Младенецот и мајка Му, и оди во земјата израилева, зашто изумреа оние што ја бараа душата на Младенецот.“

21. А тој откако стана, Го зеде Младенецот и мајка Му, и дојде во земјата израилева.

22. Но, кога чу дека во Јудеја царува Архелај, на местото од татка си Ирод, се уплаши да оди таму; и откако доби вест на сон, тој замина во галилејските предели.

23. А кога пристигна, се насели во градот наречен Назарет за да се исполни реченото преку пророците дека ќе се нарече Назареец.

Матеј 2