Матеј 18:11-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

11. Зашто Синот Човечки дојде да го бара и спаси загубеното.

12. Што мислите? Ако некој човек има сто овци и една од нив се загуби, нема ли да ги остави деведесет и деветте в планина и да појде да ја бара загубената?

13. Па, ако ја најде, вистина ви велам, ве уверувам дека ќе се радува за неа повеќе отколку за деведесет и деветте незагубени.

14. Така, не е волја на вашиот Отец небесен да загине ниедно од овие мали.“

15. „Ако згреши против тебе братот твој, оди и искарај го насамо; ако те послуша, си го придобил брата си;

16. ако не те послуша, земи со себе уште еден или двајца, па со устата на двајца или тројца сведоци нека се потврди секој збор;

17. ако, пак, не ги послуша и нив, кажи ѝ на Црквата; па, ако и Црквата не ја послуша, тогаш нека ти биде тој како незнабожец и цариник.“

18. „Вистина ви велам: сѐ што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и сѐ што ќе разрешите на земјата, ќе биде разрешено и на небото.

19. Пак ви велам: ако двајца од вас се согласат на земјата да молат за нешто, што и да било, ќе им биде дадено од Мојот Отец, Кој е на небесата;

20. зашто, каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас среде нив.“

21. Тогаш Петар пристапи кон Него и рече: „Господи, колкупати да му простам на брата ми, кога ќе згреши против мене? До седумпати ли?“

22. Исус му одговори: „Не ти велам до седум, туку до седумдесетпати по седум.“

Матеј 18