Матеј 17:6-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. И кога го чуја тоа учениците, паднаа ничкум и многу се уплашија.

7. Но Исус, откако им пријде, се допре до нив и им рече: „Станете и не плашете се!“

8. А тие, кога ги подигнаа очите, не видоа никој друг освен Исус.

9. А кога слегуваа од гората, Исус им заповеда и рече: „Никому не кажувајте што видовте додека Синот Човечки не воскресне од мртвите!“

10. И учениците Негови Го запрашаа, говорејќи: „Зошто, пак, книжниците велат дека најнапред треба да дојде Илија?“

Матеј 17