Матеј 14:7-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. затоа тој ѝ се заколна дека ќе ѝ даде што и да побара.

8. И таа, поучена од мајка си, рече: „Дај ми ја овде на чинија главата на Јован Крстител!“

9. И се натажи царот; но, заради заклетвата и гостите свои, нареди да ѝ ја дадат.

10. Па прати, та ја отсекоа главата на Јован во затворот.

11. И ја донесоа главата негова на чинија и ѝ ја дадоа на девојката, а таа ја однесе на мајка си.

12. Учениците, пак, негови, дојдоа, го земаа неговото тело и го погребаа; и го известија Исуса.

Матеј 14