Матеј 14:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Во тоа време гласот за Исус го слушна и четворовласникот Ирод,

2. кој им рече на своите потчинети: „Тоа е Јован Крстител; тој воскреснал од мртвите, па затоа и стануваат чуда преку него!“

3. Зашто Ирод, откако го фати Јован, го врза и го фрли во затвор заради Иродијада, жената на брат му Филип;

Матеј 14