Матеј 10:37-40 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

37. Кој љуби татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој љуби син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене;

38. и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене.

39. Кој си го чува животот свој, ќе го загуби, а кој ќе го загуби животот свој заради Мене, ќе го најде.“

40. „Кој ве прима вас, Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме пратил.

Матеј 10