Матеј 10:29-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

29. Не се продаваат ли две врапчиња за еден денар? И ни едно од нив нема да падне на земја без волјата на вашиот Отец.

30. А вам и влакната на главата ви се изброени.

31. Но не плашете се: вие сте поскапи од многу врапчиња.“

32. „И така, секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред мојот Отец, Кој е на небесата.

33. А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец, Кој е на небесата.“

Матеј 10