Матеј 10:14-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

14. Ако, пак, некој не ве прими и не ги послуша зборовите ваши, излезете од таа куќа или од тој град и истресете го правот од нозете ваши!

15. Вистина ви велам: полесно ќе ѝ биде на земјата содомска и гоморска во судниот ден отколку на тој град!“

16. „Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци: бидете мудри како змии и незлобни како гулаби.

17. Пазете се од луѓето, зашто тие ќе ве предадат на судовите и по синагогите нивни ќе ве тепаат.

Матеј 10