10. Зашто Мојсеј рече: ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘ и ‚Кој го злослови таткото свој или мајка си, со смрт да се казни.‘
11. А вие велите: ‚Ако некој каже на татка си или на мајка си: она, со кое би можел да те издржувам е корбан, односно, прилог‘,
12. тогаш не му оставате веќе ништо да стори за својот татко или за својата мајка,
13. укинувајќи го словото Божјо со вашето предание, што сте го предале вие; многу такви слични работи вршите.“
14. И кога го повика сиот народ, им рече: „Слушајте Ме сите и разберете:
15. ништо, што влегува во устата на човекот однадвор, не може да го оскверни; туку она што излегува од него, тоа го осквернува човекот.
16. Ако некој има уши да слуша, нека чуе!“
17. И кога се оддалечи од народот и влезе во една куќа, учениците Негови Го прашаа за параболата.
18. А Тој им рече: „Зар сте и вие така неразумни? Не разбирате ли дека ништо, што влегува во човекот однадвор, не може да го оскверни?