Марко 6:29-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

29. Кога неговите ученици слушнаа, дојдоа и го положија во гроб.

30. И се собраа апостолите кај Исус, па Го известија за сѐ што направиле и поу­чувале.

31. А Тој им рече: „Дојдете и вие во осамено место и одморете се малку.“ Зашто мнозина доаѓаа и си одеа, така што немаа кога ни да јадат.

32. И отидоа со кораб сами во осамено место.

33. И ги виде народот кога си одеа; и Го познаа мнозина, па пеш од сите гра­дови тргнаа таму; и ги испреварија и се собраа околу Него.

Марко 6