Марко 4:35-38 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

35. Тој ден вечерта им рече: „Да ми­не­ме на спротивната страна!“

36. И кога го отпуштија народот, уче­ниците Го зедоа, како што беше во коработ, а и други кораби беа со нив.

37. И се подигна бурен ветер, и брано­вите се префрлуваа во коработ, така што тој веќе се полнеше.

38. Тој, пак, беше на кормилото и спи­еше на возглавница; Го разбудија и Му рекоа: „Учителе, зар не Ти е грижа што загинуваме?“

Марко 4