Марко 4:21-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

21. И им рече: „Зар се внесува светило за да се стави под поклопец или под кревет? Не затоа ли, да се стави на свеќник?

22. Зашто нема ништо тајно, што не ќе стане јавно; ниту пак, нешто сокриено, што нема да излезе на видело.

23. Ако некој има уши да слуша, нека чуе!“

24. И им велеше: „Внимавајте на она што слушате: со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери, и ќе ви се придодаде, вам што слушате.

Марко 4