9. И им порача на учениците Свои да Му приготват кораб, поради народот, за да не Го туркаат;
10. зашто мнозина беше излекувал, така што сите, кои беа болни, навалуваа кон Него за да се допрат до Него.
11. И нечистите духови, штом ќе Го видеа, паѓаа пред Него, викаа и говореа: „Ти си Син Божји!“
12. Но Тој строго им забрануваше да разгласуваат за Него.
13. Потоа се искачи на гората и ги повика кај Себе оние, кои Сам ги одбра и тие дојдоа кај Него.
14. Избра дванаесетмина да бидат со Него и да ги праќа да проповедаат;
15. и да имаат власт да лекуваат болести и да изгонуваат демони: