27. Никој не може, кога ќе влезе во куќата на силен човек, да му ја ограби покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот; и тогаш ќе му ја земе покуќнината.
28. Вистина, ви велам: на човечките синови ќе им се простат сите гревови и хули, колку и да хулат;
29. но, кој похули на Светиот Дух, нему нема да му се прости никогаш, а ќе биде виновен пред вечниот суд.“
30. Зашто велеа: „Нечист дух има во Него.“
31. И дојдоа мајка Му и браќата Негови, па, стоејќи надвор, порачаа да Го викнат.
32. А околу Него седеше народ, и Му рекоа: „Ете, мајка Ти и браќата Твои, и сестрите Твои, надвор се и Те бараат.“