14. Избра дванаесетмина да бидат со Него и да ги праќа да проповедаат;
15. и да имаат власт да лекуваат болести и да изгонуваат демони:
16. Симон, на кого му даде име Петар;
17. па Јаков Заведеев и брат му Јован, на кои им даде име Воанергес, што значи, синови на громот;
18. потоа Андреј, Филип, Вартоломеј, Матеј, Тома, Јаков Алфеев, Тадеј, Симон Кананит
19. и Јуда Искариотски, кој и Го предаде.
20. И дојдоа в куќи; и пак се собра народ, така што тие не можеа ниту леб да јадат.
21. И кога чуја Неговите, отидоа да Го приберат, зашто се говореше дека не бил на Себеси.
22. А книжниците, што беа слегнале од Ерусалим, велеа дека во Него е Велзевул и дека демоните ги истерува со силата на заповедникот на демоните.
23. И кога ги повика, им говореше во параболи: „Како може сатаната да изгонува сатана?