1. Штом мина саботата, Марија Магдалена, Марија Јаковова и Саломија купија мириси, за да дојдат и да Го помазаат Исуса.
2. И во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето,
3. па си зборуваа меѓу себе: „Кој ќе ни го одвали каменот од вратата на гробот?“
4. И кога погледнаа, видоа дека каменот е одвален, а тој беше многу голем.