42. А кога се стемни веќе, бидејќи беше петок, односно ден спроти сабота,
43. дојде Јосиф од Ариматеја, угледен советник, кој и сам го очекуваше царството Божјо, се осмели да влезе кај Пилат и го замоли за телото Исусово.
44. Пилат се зачуди дека Тој веќе умрел; и откако го повика стотникот, го праша дали одамна умрел.
45. Па штом дозна од стотникот, му го даде телото на Јосиф.
46. А Јосиф купи плаштаница, Го симна и Го обви во плаштаницата и Го положи во гроб, што беше издлабен во карпа и навали камен на гробната врата.
47. А Марија Магдалена и Марија Јосиева гледаа каде Го полагаат.