1. И веднаш утредента одржаа состаник првосвештениците, со старешините и книжниците, и целиот Синедрион, па Го врзаа Исус, Го одведоа и Го предадоа на Пилат.
2. А Пилат Го праша: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Тој одговори и рече: „Ти велиш.“
3. И првосвештениците Го обвинуваа многу. Но, Тој не одговараше ништо.
4. А Пилат пак Го праша, велејќи: „Ништо ли не одговараш? Гледаш колку Те обвинуваат!“