Марко 14:57-63 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

57. И станаа некои, па сведочеа лажно против Него, велејќи:

58. „Чувме кога Тој говореше: ‚Ќе го урнам овој ракотворен храм и по три дни ќе соѕидам друг, неракотворен.‘“

59. Но ниту тоа нивно сведочење не беше еднакво.

60. И првосвештеникот, откако застана на средина, Го праша Исуса говорејќи: „Ништо ли не одговараш? Што све­до­чат овие против Тебе?“

61. Но Тој молчеше и ништо не одгова­раше. Првосвештеникот пак Го праша и Му рече: „Ти ли си Христос, Синот на Благословениот?“

62. Исус рече: „Јас сум; и ќе Го видите Синот Човечки како седи од десната страна на Силата и како доаѓа на обла­ци­те небески.“

63. А првосвештеникот ја раскина облеката своја и рече: „Зошто ни се по­веќе сведоци?

Марко 14