Марко 14:52-57 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

52. Но тој, кога го остави платништето, побегна од нив необлечен.

53. И Го доведоа Исуса кај прво­свеш­те­никот, и се собраа таму сите прво­свеш­теници, старешини и книжници.

54. А Петар врвеше по Него оддалеку, сѐ до внатре, во дворот на прво­свеш­теникот; па седна со слугите и се гре­еше на огнот.

55. Првосвештениците и целиот Синед­рион бараа сведоштва против Исуса, за да Го убијат, и не наоѓаа.

56. Зашто мнозина лажно сведочеа против Него, но тие сведоштва не се сложуваа.

57. И станаа некои, па сведочеа лажно против Него, велејќи:

Марко 14