Марко 14:38-47 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

38. Бидете будни и молете се да не пад­не­те во искушение: зашто духот е бодар, но телото е слабо.“

39. И пак отиде и се помоли, изгова­рај­ќи ги истите оние зборови.

40. А кога се врати, ги најде пак како спијат, зашто очите им беа натежнале; и не знаеја што да Му одговорат.

41. И по третпат дојде и им рече: „Са­мо спиете и почивате! Доста, дојде часот; еве, се предава Синот Човечки во рацете на грешници.

42. Станете, да одиме! Еве, наближи оној што Ме предава.“

43. И веднаш, додека Тој сѐ уште гово­реше, Јуда, еден од дванаесетмината, дојде, и со него многу народ со мечеви и со ста­пови, испратени од прво­свеш­тениците, книжниците и старешините.

44. А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: „Кого ќе Го целивам, Тој е: фатете Го и водете Го претпазливо!“

45. Па, кога дојде, веднаш пријде до Него и рече: „Те поздравувам, Рави!“ И Го целива.

46. А тие ги кладоа рацете свои на Не­го и Го фатија.

47. Еден, пак, од оние, што стоеја таму, из­вади нож, го удри слугата на прво­свештеникот и му го отсече увото.

Марко 14