1. По два дни беше Пасха и празникот Бесквасници. А првосвештениците и книжниците сакаа да Го фатат на измама и да Го убијат;
2. но велеа: „Не на празникот, за да не стане бунт меѓу луѓето.“
3. А кога Тој беше во Витанија, во куќата на Симон Лепрозниот, и седеше на трпеза, дојде една жена со алабастерен сад со скапоцено и чисто нардово миро и, кога го искрши садот, го изли мирото врз главата Негова.