Марко 11:5-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. И некои од оние, што стоеја таму, им рекоа: „Што правите? Зошто го од­врзувате магарето?“

6. А овие им одговорија, како што им беше заповедал Исус и тие ги оставија.

7. И го доведоа младото магаре кај Ис­ус, ги кладоа врз него алиштата свои и Тој седна на него.

8. И мнозина ги постилаа своите облеки по патот. А други, пак, сечеа гран­чиња од дрвјата и ги постилаа по патот.

9. А оние, што одеа пред Него и по Не­го, викаа и велеа: „Осана! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово!

Марко 11