4. Тие отидоа и го најдоа младото магаре, врзано за портата однадвор, на крстопатот и го одврзаа.
5. И некои од оние, што стоеја таму, им рекоа: „Што правите? Зошто го одврзувате магарето?“
6. А овие им одговорија, како што им беше заповедал Исус и тие ги оставија.
7. И го доведоа младото магаре кај Исус, ги кладоа врз него алиштата свои и Тој седна на него.
8. И мнозина ги постилаа своите облеки по патот. А други, пак, сечеа гранчиња од дрвјата и ги постилаа по патот.
9. А оние, што одеа пред Него и по Него, викаа и велеа: „Осана! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово!
10. Благословено е царството на нашиот татко Давид, кое иде во името Господово! Осана во висините!“
11. И влезе Исус во Ерусалим, во храмот, разгледа сѐ, па, бидејќи веќе беше доцна, излезе и отиде со дванаесетмината во Витанија.