4. Тие рекоа: „Мојсеј допушти да ѝ се даде разводно писмо и да се отпушти.“
5. Одговори Исус и им рече: „Поради тврдокорноста на вашето срце ви ја напишал таа заповед.
6. Во почетокот на создавањето, пак, Бог ги создаде машко и женско.
7. Затоа човек ќе го остави татка си и мајка си, ќе се прилепи до жената своја
8. и обата ќе бидат во едно тело; и така, тие веќе не се двајца, туку едно тело.
9. А Бог што соединил, човек да не разделува.“
10. И во куќата, учениците Негови пак Го прашаа за тоа.