Лука 7:41-46 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

41. Исус му рече: „Некој заемодавец имаше двајца должници: едниот му должеше петстотини денарии, а другиот педесет.

42. Но бидејќи немаа да му вратат, тој им ги подари на обајцата. Кажи, кој од нив повеќе ќе го милува?“

43. Симон одговори и Му рече: „Мислам оној, кому повеќе му подарил.“ А Тој му рече: „Право пресуди.“

44. И тогаш се сврте кон жената, па му рече на Симон: „Ја гледаш ли оваа жена? Влегов во твојот дом, ти ниту вода за нозете не Ми даде, а таа со солзи Ми ги обли нозете и со косата своја ги истри.

45. Ти не ми даде целив, а таа, откако влегов, не престана да ги целива нозете Мои.

46. Ти со масло не ја помаза главата Моја, а таа со миро ги помаза нозете Мои.

Лука 7