3. Па штом слушна за Исус, ги прати кај Него старешините јудејски, молејќи Го да дојде и да го спаси слугата негов.
4. А тие, кога дојдоа кај Исус, Го молеа усрдно и велеа: „Достоен е да му го направиш тоа,
5. зашто го сака нашиот народ и синагогата тој ни ја направи.“
6. И тргна Исус со нив. А кога беа веќе близу до куќата, стотникот ги прати пријателите кај Него, говорејќи: „Господи, не труди се, зашто не сум достоен да влезеш под мојот покрив;
7. затоа и себеси не се сметав достоен да дојдам кај Тебе; туку кажи само збор и мојот слуга ќе оздрави;
8. зашто и јас сум човек под власт, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: ‚Оди!‘ – и тој оди; на другиот: ‚Дојди!‘ – и тој доаѓа; и на слугата свој: ‚Направи тоа‘ – и тој прави.“