1. И кога ги заврши сите Свои зборови кон народот, што слушаше, влезе во Капернаум.
2. А слугата на еден стотник беше тешко болен, на умирање, кого многу го сакаше.
3. Па штом слушна за Исус, ги прати кај Него старешините јудејски, молејќи Го да дојде и да го спаси слугата негов.
4. А тие, кога дојдоа кај Исус, Го молеа усрдно и велеа: „Достоен е да му го направиш тоа,
5. зашто го сака нашиот народ и синагогата тој ни ја направи.“