Лука 5:20-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

20. А Тој, штом ја виде верата нивна, му рече: „Човеку, ти се простуваат гревовите твои!“

21. Тогаш книжниците и фарисеите почнаа да размислуваат во себе и да велат: „Кој е Овој што хули на Бога? Кој може да простува гревови, освен Единиот Бог?“

22. А Исус, кога ги разбра нивните помисли, им одговори и рече: „Што размислувате во срцата свои?

23. Што е полесно да се каже: ‚Ти се простуваат гревовите твои‘, или да кажам: ‚Стани и оди?‘

Лука 5