Лука 24:43-47 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

43. И кога зеде, јадеше пред нив.

44. Па им рече: „Ете, ова се зборовите што ги говорев уште додека бев со вас, зашто треба да се исполни сѐ што е напишано за Мене во Законот Мојсеев и кај Пророците, и во Псалмите.“

45. Тогаш им го отвори умот за да ги разбираат Писмата,

46. и им рече: „Така е напишано и така требаше да пострада Христос и да воскресне од мртвите на третиот ден,

47. и да биде проповедано во Негово име покајание и проштевање на гревовите кај сите народи, почнувајќи од Ерусалим;

Лука 24