Лука 23:15-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. А ниту Ирод, зашто Го пратив и кај него; и ете, Тој не направил ништо што би заслужувало смрт;

16. па затоа ќе Го казнам и ќе Го пуштам.“

17. А тој требаше за празникот да им ослободи еден затвореник.

18. Но сите тие заедно повикаа, говорејќи: „Земи Го Овој, а пушти ни го Варава!“

19. Варава беше фрлен в затвор заради некаква буна во градот и убиство.

20. Пилат одново повика, сакајќи да Го пушти Исус.

21. Но тие викаа, велејќи: „Распни Го, распни!“

Лука 23