Лука 22:59-63 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

59. А кога мина време околу еден час, еден друг човек почна да тврди, зборувајќи: „Навистина, и овој беше со Него, зашто е Галилеец!“

60. Но Петар рече: „Човеку, не знам што зборуваш!“ И одеднаш, уште додека говореше, запеа петел.

61. Тогаш Господ се заврти и го погледна Петар, а Петар се сети на Господовите зборови што Му ги беше рекол: „Уште додека петел не пропее, трипати ќе се одречеш од Мене.“

62. И штом излезе надвор, заплака горко.

63. А луѓето, што го држеа Исус, Му се потсмеваа и Го тепаа.

Лука 22