Лука 22:23-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

23. И почнаа да се прашуваат меѓу себе, кој ли ќе е од нив што ќе го направи тоа?

24. А се појави меѓу нив и расправија, кој од нив да се смета за поголем.

25. Но Тој им рече: „Царевите владеат над народите, а оние што управуваат над нив се викаат добротвори.

26. Вие, пак, немојте така; но поголемиот меѓу вас да биде како најмалиот и тој, што е старешина, да биде како слуга.

Лука 22