Лука 21:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Кога ги подигна очите, виде како богатите ги пуштаат своите прилози во ризницата на храмот.

2. Виде исто така и една бедна вдовица, која пушти таму две лепти,

3. па рече: „Вистина ви велам, оваа бедна вдовица од сите повеќе приложи;

4. сите овие дадоа прилози на Бога од својот вишок; таа, пак, пушти од својата немаштија – сиот имот што го имаше.“

5. И додека некои зборуваа за храмот, дека е украсен со убави камења и заветни дарови, Тој им рече:

6. „Ќе дојде време во кое од сето ова што го гледате нема да остане ниту камен, што не ќе биде урнат.“

Лука 21